Анкета: Поддршката за независност на Шкотска највисока од 1999 година

Од:

Поддршката во шкотската јавност за независна Шкотска, сега е најголема од 1999 година, од кога е почнато со редовното годишно испитување на расположението на Шкотланѓаните, покажува анкета на Шкотскиот центар за општествено истражување од Единбург.

Анкетата покажува дека 46 отсто од испитаниците се изјасниле за независна Шкотска и за отцепување од Велика Британија.

Други 42 отсто веруваат дека сегашниот статус на деволуција на земјата (префрлени овласувања од Лондон на Парламентот и Владата во Единбург) е сосема доволен за шкотските национални интереси, додека само осум отсто од луѓето сметаат дека не треба да постои посебен шкотски Парламент во никаква форма.

На референдумот од септември 2014 година, 45 отсто од Шкотланѓаните беа за отцепување, додека 55 отсто се определија за останување во Обединетото кралство и за зголемена и засилена деволуција.

Анализата на ова истражување, започнато веднаш по изгласниот Брегзит, во јуни минатата година, открива дека предводници на барањето за независна Шкотска се младите луѓе.

Дури 72 отсто од анкетираните, на возраст меѓу 16 и 24 години, сакаат нивната земја да биде самостојна европска држава.

Таквиот процент е многу помал кај возрасните гласачи, каде само 26 отсто од Шкотланѓаните на возарст од 65 или постари од нив, се определиле за отцепување на нината земја.

Во ова истрување што се обновува еднаш годишно, по 1999 година и обновата на Парламентот во Единбург, по (тогаш) безмалку три века суспензија, се состои од тоа како Шкотланѓаните се изјаснуваат за прашањата за целосна независност, деволуцијата и непостоењето на шкотски Парламент.

Годинешнава анкета покажа дека паралелно со растот на определеноста за целосна независност, расте и процентот на евроскептицизмот што во Шкотска никогаш не бил висок.

Овојпат, 56 отсто од анкетираните сметаат дека ЕУ би требало да има помалку овластувања, наспроти земјите членки.

Според раководителот на истражувањето, професорот Џон Картис, поддршката за независноста би можеле да се намали доколку се поврзува само со членството во ЕУ. Тој смета дека поборниците за отцепување на Шкотска од Велика Британија би требало да бидат „ повеќе мудри„ и да го остават тоа на природата и на демографскиот процес, со заголемување на бројот на млади шкотски гласачи, затоа што тие се предводници на независноста.

Првиот министер на Шкотска, Никола Старџен најави дека во текот на идната недела ќе побара од шкотскиот Парламент да го покрене процесот за втор референдум за независност, што би се одржал во есента идната година или на пролет во 2019 година.

За легалност на тој референдум потребно е согласност и на британската Влада.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски