Анкета: Пад на поддршката на владејачката АКП по бранот антивладини протести во Турција

Од:

Истражување на јавното мислење спроведено од агенцијата Гезиџи покажува одлив на гласовите на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) по бранот антивладини протести во земјата.

Анкетата е спроведена во 36 области на Турција, а анкетираните требало да одговорат за која партија би гласале, ако парламентарните избори се одржат денеска.

Резултатите покажуваат дека за првпат од доаѓањето на власт во 2002 година на владејачката происламистичка АКП на премиерот Реџеп Тајип Ердоган има одлив на гласовите. Поддршката за АКП е намалена на 38,5 отсто и за првпат опозициската Републиканска народна партија и се доближува со поддршка од 38,1 процент, пренесува БТА.

Другата опозициска Партија на националистичка акција има поддршка од 18,5 отсто, додека прокурдската Партија за мир и демократија ужива поддршка од 8,2 проценти од анкетираните.

Резултатите од анкетата покажуваат дека дел од гласовите на владејачката партија преминале на опозициските партии.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски