Анкета: Околу една третина од Британците не би се вакцинирале против Ковид-19

Од:

Околу една третина од Британците не би се вакцинирале против Ковид-19 или не се сигурни дека би го сториле тоа, покажуваат резултатите од новото истражување.

Според „Скај њуз“, во однос на оние кои во најголем дел се потпираат на традиционални информативни платформи, учесниците во истражувањето, кои се повеќе се информираат преку социјалните мрежи, биле помалку наклонети да кажат дека ќе бидат вакцинирани.

Во оваа анкета на јавното мислење учествувале 1.666 лица, а шест проценти од нив рекле дека сигурно нема да се вакцинираат.

Десет проценти од учесниците изјавиле дека веројатно нема да го сторат тоа, додека 15 проценти се изјасниле дека не знаат дали би го сториле тоа.

Од друга страна, вкупниот процент на оние кои имаат позитивен став кон вакцинацијата е 69 отсто, бидејќи 38 отсто од испитаниците се изјасниле дека сигурно ќе се вакцинираат, а 31 отсто дека веројатно би го сториле тоа.

Истражувањето е спроведено на барање на Британскиот центар за борба против дигитална омраза, кој исто така објави извештај за ширењето лажни информации за вакцини преку Интернет.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он