Според последната анкета на шпанскиот Центар за социолошки истражувања сепаратистичките партии може да го загубат мнозинството по регионалните избори на 21 декември во Каталонија.
Партијата Заедно за Каталонија според анкетата ќе освои 25 или 26 пратенички места, Републиканската левица на Каталонија 32 мандати и ултралевичарската Кандидатура за народно единство 9 пратеници.
Со тоа тие би имале 67 мандати во регионалниот Парламент кој има 135 места.