Анкета: Бајден ја зголемува предноста во однос на Трамп

Од:

Американскиот демократски кандидат Џо Бајден ја зголеми предноста во однос на актуелниот претседател Доналд Трамп и таа сега изнесува десет процентни поени, според последната анкета на Фокс њуз.

Според резултатите, за тимот Бајден-Харис би гласале 53 проценти од избирачите, а за републиканското дуо Трамп-Пенс 43 проценти.

Анкетата била спроведена низ целата земја по првата претседателска дебата и откако беше објавено дека Трамп е заразен со коронавирусот.

Истражувањето покажува дека Бајден ја зголемил својата предност во последниот месец за пет процентни поени.

Кога станува збор за избор на претседател, најважните теми за испитаниците се коронавирусот и економијата, а потоа следуваат здравствената заштита, проблемот со расизмот и криминалот.

Би можело да ве интересира

Де Сантис ја објави својата кандидатура, ривал му е Трамп за иден претседателски кандидат

Горан Наумовски

Драма во САД: Ситуацијата тесна во Сенатот, изедначени демократите и републиканците

А1он

Зеленски им порача на Американците пред изборите: Чувајте го непоколебливо единство

А1он

Отворени првите гласачки места на конгресните избори во САД

А1он

Во Џорџија отворена истрага за телефонски притисок од Трамп за пресврт во изборниот резултат

Ана Ололовска

Мајкрософт ги замрзнува спонзорствата за политичари кои ги оспоруваа резултатите од изборите во САД

Ана Ололовска