Амнести интернешнл: Стоиме зад извештајот дека Украина ги загрозува цивилите

Од:

Организацијата за човекови права Амнести интернешнал соопшти дека „длабоко жали за болката и гневот“ предизвикани од нејзиниот извештај, но дека целосно стои зад своите наоди.

Во четвртокот Амнести соопшти дека украинските сили го прекршуваат меѓународното право и ги загрозуваат цивилите со поставување бази во станбени области, вклучувајќи училишта и болници.

„Тактиката на украинските бранители на никаков начин не ги оправдува неселективните напади на Русија, со фактот дека некои руски воени злосторства, вклучително и оние во Харков, не се поврзани со тие тактики“, пишува организацијата во извештајот, додавајќи дека снимила инциденти во кои украинските сили ги изложија на опасност цивилите во 19 градови и села во регионите Харков, Донбас и Миколаев.

„Документиравме шема во која украинските сили ги изложуваат цивилите на опасност и ги прекршуваат законите на војната со тоа што дејствуваат во населени области. Дејствувањето во одбранбена позиција не ја ослободува украинската армија од почитување на меѓународното хуманитарно право“, рече Агнес Каламар, генерален секретар на организацијата.

Директорот на украинскиот огранок на Амнести интернешенел поднесе оставка по објавувањето на овој извештај, а советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак рече дека е срамота што Амнести учествува во руската пропаганда и дезинформации со цел да се запре испраќањето оружје на Украина од Запад.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Амнести дека вината ја префрла на жртвата, додавајќи дека им помага на терористите.

Амнести вчера за Си-Ен-Ен изјави дека жали за предизвиканата болка, но дека сепак останува на своите наоди и сака да разјасни неколку клучни точки.

„Ние ја направивме оваа проценка врз основа на правилата на Меѓународното хуманитарно право (МХП). Законите на војната делумно постојат да ги заштитиме цивилите и поради оваа причина, ги охрабруваме владите да се усогласат“, рекоа од Амнести интернешнал.

 

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Зеленски: Украина нема доволно сила

Зеленски: Кој ќе и помага на Русија ќе му се одзема се

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп