Амнести интернешнел: Израел спроведува „апартхејд“ над Палестинците

Од:

Амнести интернешнел денеска го обвини Израел дека ги подложува Палестинците на систем на апартхејд заснован на политика на „сегрегација, запленување и исклучување“, која според организацијата е злосторство против човештвото.

Групата за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека извештајот од 211 страници е заснован на „истражување и правна анализа на израелските заплени на палестинска земја и имот, незаконски убиства, принудни преселби и одбивање на државјанство“.

Израел соопшти дека извештајот, втор за помалку од една година во кој АИ го обвинува Израел дека спроведува политика на апартхејд, „ги зајакнува и рециклира лагите“ на групите за ширење омраза и оти извештајот е осмислен да „го разгори пламенот на антисемитизмот“.

Израел ја обвини АИ за примена на „двојни стандарди и демонизирање со цел делегитимирање на Израел“.

Извештајот предизвика пофалби од Палестинците.

Амнести соопшти дека Израел вовел систем на репресија и доминација над Палестинците „секаде каде што има контрола над нивните права“, вклучувајќи ги арапските жители на Израел, Палестинците на териториите под израелска окупација и бегалците кои живеат во странство.

Мерките вклучуваат ограничување на движењето на Палестинците на територијата окупирана во војната на Блискиот Исток во 1967 година, недоволно инвестирање во палестинските заедници во Израел и спречување на враќањето на палестинските бегалци.

Покрај присилните преселби, тортурата и незаконските убиства, за кои Амнести вели дека се со цел одржување на системот на „репресија и доминација“, тие претставуваат „апартхејд, злосторство против човештвото“.

Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид изјави дека „Израел не е совршен, туку дека е демократија која го почитува меѓународното право и е отворена за испитување“ со слобода на медиумите и силен Врховен суд.

– Мразам да го користам аргументот дека Израел не е еврејска држава, никој во Амнести не би се осмелил да се спротивстави, но во овој случај, нема друга можност, рече тој.

Басам Ал Салхе, член на извршниот одбор на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), рече дека извештајот „ја потврдува и поддржува долгогодишната палестинска позиција за природата на израелските окупациски мерки. Ја одразува реалната ситуација на теренот“, нагласи тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Да не се патува во Израел, Либан и Иран повика Министерството за надворешни

Израел ќе му се одмазди на Иран за нападот, протекоа детали од планот

Катерина Ѓуровски

Пад на Волстрит поради Иран и Израел, пораснаа акциите на производителите на оружје

ВИДЕО: Хезболах тврди дека погодил воени позиции и касарна, Израел признава “инцидент“ во северниот дел

Катерина Ѓуровски

Иран се закани дека во случај на одмазда нема да го гаѓа само Израел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Вечерва силно ќе удриме на Блискиот Исток најави Израел

Катерина Ѓуровски