Амнести интернешенел побара Џакарта да ја забрани примената на Шеријатското право во провинцијата Ачех

Од:

Групата Амнести интернешенел за југоисточна Азија побара централните власти во Индонезија да ја забранат примената на Исламскиот Криминален Законик, кој од вчера почнал да се применува во провинцијата Ачех, на истокот на Индонезија. Според овој закон, заснован на Шеријатското право, во Ачех се забранува дури и возење на ист мотор на маж и жена кои не се во брак,а неверствата на сопружниците можат да се казнуваат со 30 до 100 удири со камшик, или стап од бамбус.

Во барањето упатено до претседателот Јоко Видодо, кое денеска го објавуваат имедиумите од овој регион, се констатира дека казнувањето на интимна врска која е консензуална не може да се објасни, ниту да се оправда.

Ачех има статус на специјална провинција во состав на Индонезија, а над 80 посто од околу пет милиони жители се посебно домородно племе во кое доминира радикалниот ислам. Уште во осумдесетите години на минатиот век во Ачех се формирани неколку вооружени групи кои сакаа да прогласат сопствена држава, но тогашните власти крваво ги гушеа таквите обиди.

Воведувањето на Шеријатскиот закон во Ачех не е единствената појава на исламскиот радикализам. Пред два месеци во главниот град Банда Ачех беше запалена протестанска црква, а сегашните провинциски власти најавуваат дека ќе затворат неколу христијански објекти кои, според нив, го нарушуваат спокојството на жителиете во оваа провинција.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници