Американско беспилотно летало уништи талибански камп и уби петмина пакистански бунтовници

Од:

Американско беспилотно летало ракетираше камп за обука на талибанците во племенските реони во северозападниот дел на Пакистан. Кампот бил целосно уништен, а петмина бунтовници се убиени и двајца повредени, соопштија локалните власти.

– Целта беше база на пакистанските талибанци во округот Бабер Гар во Јужен Вазиристан, полуавтономна племенска област која граничи со Авганистан, изјавил претставник на безбедносните сили.

Пакистанската Влада постојано протестира поради нападите кои се извршуваат на пакистанска територија од американски беспилотни летала, кои се стационирани во Авганистан.

Американски претставници, пак, сметаат дека овие операции, кои се почести откако Барак Обама стана претседател на САД, се важно оружје во борбата против вооружените исламистички групи.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас