Американските сили уништија ирански брод во Оманскиот Залив

Од:

Централната команда на САД (CENTCOM) денес соопшти дека минатата недела американските сили уништиле пловило поврзано со Иран во Оманскиот Залив, откако утврдиле дека тоа ги следело американските воени бродови и помагало при одредувањето на цели.

Во соопштението објавено на платформата X се наведува дека екипажот претходно бил безбедно евакуиран.

Според соопштението на CENTCOM, во тек се активности за враќање на членовите на екипажот во нивната матична земја; сепак, не се откриени идентитетот на пловилото, начинот на кој е уништено, како ни детали за наводните разузнавачки активности.

„На 6 октомври, американските сили уништија пловило поврзано со Иран, кое ги следело бродовите на американската морнарица во Оманскиот Залив и помагало при одредувањето цели за напад“, се вели во соопштението.

Оваа објава доаѓа по извештаите дека иранската Исламска револуционерна гарда (IRGC) – соочувајќи се со оштетувања на својата инфраструктура за крајбрежен надзор – сè почесто користи помали пловила за откривање потенцијални цели. Иранските сили користат набљудувачи на помали, невооружени пловни објекти за идентификување бродови за можни напади, додека Техеран ги засилува напорите за ограничување на поморскиот сообраќај низ Ормутскиот Теснец.

Би можело да ве интересира

Трамп подготвува нови царини за ЕУ

Иран нема да го отвори Ормутскиот теснец сè додека САД не ги прифатат сите седум услови

Калибаф: Иран стана една од четирите светски сили

Зеленски: Ќе побарам од новиот Конгрес на САД да го зголеми притисокот врз Русија

Техеран со седум барања пред почетокот на преговорите со САД

Историски резултат за демократите: 258 места во Претставничкиот дом