Американските разузнавачи: Путин би можел да го нападне НАТО

Од:

Американските разузнавачки служби проценуваат дека рускиот претседател Владимир Путин во следните неколку години би можел да изврши ограничен напад врз некоја членка на НАТО со цел да ја тестира подготвеноста и единството на Алијансата, објави Wall Street Journal, повикувајќи се на американски претставници запознаени со новата проценка.

Според извештајот, најризичниот период е од оваа есен до 2029 година. Меѓу можните сценарија што ги разгледуваат американските служби се кибернапади, саботажи, тајни операции со вооружени групи без официјални обележја, како и ограничен копнен упад во некоја земја од источниот дел на НАТО. Иако ваквиот упад засега се оценува како најмалку веројатно сценарио, проценките се дека ризикот би можел да расте со текот на времето.

Доколку Русија би презела таков чекор додека војната во Украина сè уште трае, целта, според американските претставници, не би била освојување територија, туку тестирање на членот 5 и создавање поделби меѓу сојузниците во НАТО.

Извештајот доаѓа во време кога во САД се води дебата за состојбата на залихите на напредно оружје по испораките за Украина и неодамнешните воени операции. Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли тврдењата дека земјата се соочува со недостиг на оружје, наведувајќи дека американските залихи остануваат на високо ниво.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Подготвени сме да престанеме да ја напаѓаме Русија, но и Путин мора да престане

Катерина Ѓуровски

Трамп направи голем пресврт кон Русија: Постигнав договор со Путин за милиони тони дизел

Официјална потврда: Спречен е „нов 11 септември“

Трамп воведе санкции против Меѓународниот кривичен суд

Улични пресметки во срцето на Европа: Протестите ја парализираа Белгија, маскирани групи ја нападнаа полицијата

Предраг Петровиќ

Путин го прослави 74-от роденден со Герхард Шредер , Кремљ објави фотографии