Американските политичари ги осудија „безумните“ насилства од власта во Белорусија

Од:

Политичките првенци на САД денеска изразија загриженост и осуда за акциите на власта на Република Белорусија против демонстрантите и опозицијата.

-По претседателските избори засенети од фалсификати, граѓаните кои мирно протестираат со барање за точно пребројување на гласовите се пресретнати од полиција со светлечки гранати, солзавец и гумени куршуми, изјави денеска Џо Бајден, сигурен претседателски кандидат на Демократската партија

-Режимот на (Александар) Лукашенко го блокираше Интернет, ги апси демонстрантите и независните новинари и се обидува да ги замолчи меѓународните набљудувачи. Сето тоа не се акции на политички лидер уверен во својата победа. Но, благодарејќи на храброста на граѓаните, новинари, активисти и обични луѓе кои ги документираат овие исклучителни настани, ја знаеме вистината за нападот врз демократијата извршен од страна на режимот на Лукашенко, изјави Бајден.

Копретседателот на Хелсиншки комитет на САД, републиканскиот сенатор Роџер Викер од Мисисипи, ги осуди фалсификувањата на изборите и примената на сила врз демонстрантите.

-Од самиот почеток на кампањата Александар Лукашенко безмилосно ги задушуваше своите политички противници, независните медиуми и обичните граѓани кои бараат промени, истакна Викер.

Според него, „победата“ на изборите била постигната со еклатантни примери на манипулација и измама, како и со закани и насилие. САД го поддржуваат народот на Белорусија кој има право на слободен избор за иднината на својата земја и право на мирни протести.

Тој истакна дека во јуни и јули 2020 година претседателот Лукашенко ги отстрани своите главни политички конкуренти со дисквалификации или нивно фрлање зад решетки.

Претседателот на сенатскиот Комитет за надворешна политика, Џим Риш, републиканец од Ајдахо, го повика Лукашенко да замине во оставка ако изборите биле организирани на недемократски начин.

Тој ги повика властите на Белорусија веднаш да престанат со притисокот врз медиумите, да го одблокираат Интернет и да прекинат со насилствата и апсењата. Риш истакна дека мирен трансфер на власта е животно важен чин за иднината и суверенитетот на Белорусија.

Елиот Енгл, демократски конгресмен од Њујорк и Мајкел Мекаул, конгресмен републиканец од Тексас, во заедничка изјава истакнаа: „ние стоиме зад сите храбри кои го ризикуваат животот за слободна и демократска нација и го повикуваме претседателот Александар Лукашенко да стави крај на овие безумни чинови на насилство“.

Во пресрет на изборите во Белорусија беа уапсени илјадници протестирачи, поддржувачи на кандидатите на опозицијата и новинари. ЦИК на земјата на 9 август изјави дека повеќе од 80 проценти од избирачите гласале за Лукашенко, а кандидатот на опозицијата, Светлана Тихановаскаја, чии митинзи беа посетни масовно, добила 10 отсто од гласовите.

Набљудувачите сметаат дека тие бројки се неточни. По изборите, низ целата земја започнаа протести, во услови на блокиран мобилен интернет, насилство од страна на полицијата и масовни задржувања.

Би можело да ве интересира

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Дваесетина уапсени на антивладините протести во Тел Авив

Горан Наумовски