Американскиот Сенат поддржа продажба на оружје на ОАЕ

Од:

Не успеа обидот во американскиот Сенат да се блокира продажбата на борбени авиони и беспилотни летала на Обединетите Арапски Емирати во вредност од 23 милијарди долари, договорена од страна на администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Американскиот претседател се закани дека ќе стави вето на блокадата, велејќи дека продажбата на оружје е поврзана со нормализирање на односите меѓу ОАЕ и Израел.

Во две процедурални гласања, блокадата не го доби потребното мнозинство, со што завршија напорите да се запре продажбата на напредни авиони Ф-35 и дронови на Емиратите.

Лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел изјави дека резолуцијата за блокада пропадна бидејќи не успеа да добие две третини од гласовите потребни за да се надмине ветото на Трамп.

Заговорниците на продажбата на оружје изјавија дека ОАЕ се важен партнер на САД на Блискиот исток, додека поборниците за блокадата ги критикуваат Емиратите за нивната улога во војната во Јемен, што Обединетите нации ја нарекуваат една од најголемите хуманитарни катастрофи.

.Договорот вклучува Ф-35, најнапредните борбени авиони во светот, над 14.000 бомби и муниција и втора по големина количина на беспилотни летала досега продадени на една држава.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност