Американскиот носач на авиони Нимиц и воени бродови од неговата ударна група пловат кон Црвеното Море

Од:

Американскиот носач на авиони Нимиц и воени бродови од неговата ударна група се насочија од Арапско Море кон Црвено Море, за да помогнат доколку биде неопходно за ограничени воени удари врз Сирија.

Според претставник на Министерството за одбрана, носачот на авиони е придружуван од четири воени бродови разорувачи и еден крстосувач.

Целта е ударната група да биде што е можно поблиску до Сирија. Засега нема наредба да впловат во Средоземното Море и да се доближи до брегот на блискоисточната држава.

Пет американски воени бродови разорувачи веќе се во источниот дел од Средоземното Море. На 31 август кон нив се придружи и десантниот воен брод Сан Антонио. Во регионот на

Персислиот залив се наоѓа и американскиот носач на авиони Хари Труман.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас