Американски научници потврдија: Зика предизвикува дефекти при раѓање

Од:

Американски научници и здравствени работници потврдија дека вирусот зика предизвика дефекти при раѓањето, вклучувајќи и микроцефалија.

Ваквата потврда доаѓа по неколку месеци дебати и неизвесност во врска со последиците што ги предизвикува овој вирус.

– Научниците од Центарот за контрола и превенција за болести (ЦДЦ) по внимателното разгледување на постоечките докази, заклучија дека зика предизвиккува микроцефалија и други тешки нарушувања на мозокот, се наведува во соопштението на Центарот. 

Заклучокот е базиран на повеќе истражување извршени во Бразил, каде минатата година се родија илјадници бебиња со аномалии, за кои се претпоставуваше дека се поврзани со инфекциите предизвикани од вирусот Зика. 

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски