Американски бизнисмен осуден за економска шпионажа во корист на Кина

Од:

Еден американски бизнисмен е осуден од судот во Калифорнија за економско шпионирање и за крадење на индустриски тајни во корист на една кинеска државна компанија.

Бизнисменот Валтер Лев е осуден на 15 години затвор и на парична казна од 28 милиони долари. Заедно со него е осуден и научникот Роберт Мегерле, но неговата затворска казна ќе биде подоцна определена.

Лев и Мегерле и двајцата натурализирани Американци, во март оваа година беа обвинети за шпионирае и за крадење на тајни од американскиот индустриски гигант „Ди Понт“ околу тајните методи за создавање и производство на титаниум диоксид.

Двајцата и ги продале откаднатите тајни на кинеската компанија Панганг Груп и за тоа добиле 20 милиони долари.

Во текот на судењето и обајцата ја признаа вината и изразија жалење за својата постапка.

Судијата во процесот, при изрекувањето на пресудата за Лев рече дека тие се свртеле протув својата нова татковина „поради лакомоста по парите“.

Двајца други научници беа поврзани со случајот со шпионирање и крадење на индустриски тајни.

Едниот од научниците изврши самоубиство, додека другите призна дека бил дел од заговорот за економско шпионирање во корист на „една странска земја“.

Обвинителот во случајот бараше казнување и на кинеската компанија, тврдејќи дека и таа била дел од заговорот, но судот оцени дека доказите за тоа се „премногу слаби“.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција