Американски аналитичари: Веројатно се лажни извештаите дека Русите сакаат да кренат нуклеарна централа во воздух

Од:

Американскиот институт за проучување на војната (ISW) објави дека „западните и украинските медиуми објавија веројатно лажен извештај за руски генерал кој се заканува да го уништи најголемиот нуклеарен објект во Европа“.

Според институтот руското Министерство за одбрана тврди дека дојавата е лажна и дека дотичниот генерал Валери Василиев бил во Узбекистан во времето кога наводно држел говор во Запорожје.

„Без оглед на потеклото на оригиналната објава, ова е неверодостоен извештај. Тој е индиректен и не цитира официјален извор објавен на ниту една официјална веб-страница на руската влада“, соопшти ISW.

Да потсетиме, украинската државна нуклеарна агенција „Енергоатом“ вчера изјави дека Русија „отворено го уценува целиот свет“ со закана дека ќе ја крене нуклеарната централа Запорожје. Властите на таа земја тврдат дека руските војници поставиле експлозиви на енергетските единици на нуклеарната централа.

Агенцијата го цитираше генералот Валериј Василјев, шеф на руските сили за нуклеарна, хемиска и биолошка одбрана, кој рече дека „ќе има или руска земја или изгорена пустина“.

„Како што знаете, ги разнесовме сите важни објекти на нуклеарната централа Запорожје. И тоа не го криеме од непријателот. Ги предупредивме. Непријателот знае дека централата ќе биде или руска или ничија. Ние сме подготвени за последиците од овој чекор. А вие борци, мора да разберете дека нема втор пат. Ако дојде најтешката наредба, мора чесно да ја извршиме!“, наводно рекол Васиљев.

Би можело да ве интересира

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Зеленски: Украина е силна земја која навистина сака мир

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални

Украина: Русите во Саудиска Арабија одбија да преговараат за запирање на нападите врз цивили