Американска фирма им платила отштета на 71 затвореник од Абу Граиб

Од:

Американската фирма „Инџилити холдингс“, која е обвинета дека била соучесник во малтретирањето затвореници во злогласниот затвор Абу Граиб во Ирак, им исплатила 5,2 милиони долара отштета на група од над 70 поранешни затвореници.

Ова е прв успех кој го постигнале адвокатите за поранешни затвореници на Абу Граиб, а се очекува оваа година пред суд да се појави и фирмата „CACI“ поради слични обвинувања.

Еден од адвокатите на поранешните затвореници, Бахер Азми истакна дека секој од 71 Ирачанин добил дел од парите, но одби да каже на кој начин биле распоредени средствата.

– Воените фирми често имале сериозна, но не многу позната улога во најлошите мачења во Абу Граиб. Задоволни сме што дојде до ваква одлука, која барем малку ја задоволи правдата на жртвите, нагласи Азми.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени