Американец поминал 17 години во затвор, а не бил виновен

Од:

Педесет и тригодишниот Роџер Логан од Њујорк синоќа е ослободен од затвор, каде што поминал 17 години за убиство, откако е утврдено дека е осуден врз основа на лажно сведочење, соопштија американските власти.

Логан кој цело време тврдел дека е невин, е ослободен благодарение на ревизија на неговиот случај, кој го извршила Комисијата за ревизија на пресуди, пренесе „Франс прес“.

Тој бил уапсен, а подоцна и осуден за убиството на Шервин Гибонс, кој е убиен од огнено оружје на 24-ти јули 1997 година.

Пресудата, со која што тој е осуден на 25 години затвор, се темели врз сведочење на една соседка, која тврдела дека го видела на местото на злостроството.

Комисијата за ревизија разгледува пресуди, а во моментов работи на уште 90 случаи. Благодарение на нивната работа, седум пресуди се поништени, додека 11 се потврдени.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени