Американец дал отказ на работа за да дојде во Турција за да помогне во спасувањето

Од:

Дин Вилијам Салтер, американски пожарникар кој живее на Филипините, ја напуштил работата веднаш штом слушнал за земјотресот во Турција и дошол во таа земја со свои средства за да помогне во спасувањето на луѓето.

Многу доброволци од различни земји дојдоа во Турција за да придонесат во операциите за пребарување и спасување по разорниот земјотрес.

Дин Вилијам Салтер, заедно со околу 50 доброволци од Филипините, дојде во Адијаман.

Како што вели, на 14 февруари требало да почне да работи на новото работно место, но штом слушнал за земјотресот го известил новиот менаџер дека не може да работи.

„Му се јавив на мојот нов менаџер и реков дека не можам да почнам со работа. Потоа ја подготвив целата опрема и влегов во авионот“, вели Дин Вилијам Салтер.

Солтер беше во Турција како дел од спасувачкиот тим по земјотресот Голчук во 1999 година.

Вели дека видел 20 катастрофи низ светот, но дека оваа во Турција била најлоша.

„Турција доживеа неверојатна катастрофа. Многу страшен настан. Светот треба да и помогне на Турција финансиски, медицински, на секој начин. Се одзвавме на повикот за помош и ќе продолжиме да го правиме тоа. Се надевам дека сите во светот се молат за Турција“, заклучи Салтер.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски