Американците ќе го користат новиот британски носач на авиони пред Британците

Од:

Американски воени авиони ќе може да го користат новиот британски носач за авиони „Квин Елизабет“ во борбени операции, пред таа можност да ја имаат морнаричките сили на Велика Британија, откриваат лондонските медиуми, повикувајќи се на извори во Министерзтвото за одбрана во Лондон.

Американците први ќе може да го користат носачот, за полетување и слетување,затоа што тој ќе биде комплетиран и предаден за употреба,но без британската борбена ескадрила,предвидена за него.

Според изворите на кои се повикуваат медиумите, ескадрилата авиони од типот Ф 35-Б, нема да бидат пристигнати и подготвени за акција на море, во следните четири,или можеби и седум години.

Првичните планови предвидуваат овие авиони да бидат испорачани до крајот на 2018 година, но проценките на изворите во Министерството за одбрана во Лондон се дека тој рок нема да биде запазен, па се верува дека авионите би можеле да се најдат на палубата на носачот, дури во 2021 година.

Тоа значи дека британскиот носач би бил завршен и оставен без авиони цели три години, меѓу 2018 и 2021 година, па затоа „Квин Елизабе“ им се нуди на Американците на привремено користење и тоа само за воени операции на море.

Воени експерти стравуваат дека развлекувањето на роковите околу новата ескрадила за новиот носач може да предизвика дополнителни проблеми поради заканата од натамошни намалувања на буџетските издвојувања за армијата.

Предвидено е британското Министерство за одбрана да нарача 14 од авионите Ф 35-Б.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас