Амбасадорката Хејли евакуирана за време на посетата на камп во Јужен Судан

Од:

Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли синоќа беше евакуирана за време на посетата на камп за раселени лица во Јужен Судан, откако избил насилен протест против претседателот на таа држава Салве Кира.

Веднаш откако Хејли го напуштила кампот, обезбедувањето на ОН употреби солзавец за да ги растера стотината жители на кампот кои упаднале во канцеларијата на една хуманитарна организација.

Хејли, која се наоѓа во посета на три африкански земји, се сретна претходно со Кира, на кого му ги пренесе предупредувањата дека САД повеќе не и веруваат на јужносуданската Влада и не се подготвени да чекаат промени.

Американската амбасада се уште не ја коментирала евакуацијата на Хејли.

САД се најголем донатор во Јужен Судан и помогнале во создавањето на таа држава во 2011 година, за која Вашингтон додели повеќе од пет милијарди долари хуманитарна помош.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство