Амбасадата на САД во Киев смета дека нападот врз нуклеарната централа во Запорожје е воено злостоство

Од:

Рускиот напад врз украинската нуклеарна централа во Запорожје, најголемата во Европа и преземањето на контролата врз неа од руските сили, за американската Амбасада во Киев претставува воено злосторство.

Амбасадата на САД во објава на Твитер даде досега најостра осуда на нападот од која било друга американска оценка на руските акции во Украина.

„Нападот врз нуклеарната централа е воено злосторство. Гранатирањето на Путин кон најголемата нуклеарна централа во Европа неговото владеење со терор го насочува уште еден чекор понатаму“, се наведува во соопштението на американската Амбасада во Киев.

Руските сили вчера утро ја зазедоа нуклеарната централа Запорожје, по тешките борби во југоисточна Украина, што предизвика меѓународна загриженост и тревога, иако пожарот во зградата за обука беше изгаснат, а официјалните лица потврдија дека објектот е безбеден.

Руското Министерство за одбрана за пожарот во нуклеарната централата го обвини „монструозниот напад“ на украинските диверзанти и притоа соопшти дека руските сили ја презеле целосната контрола врз комплексот.

Американскиот претседател Џо Бајден престана да ги нарекува руските акции „воени злосторства“, велејќи дека е „прерано да се каже такво нешто“, а портпаролот на Пентагон Џон Кирби вчера одби да одговори на директно прашање, велејќи дека „ќе ја остави работата на Меѓународниот кривичен суд“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород