Амано: Иран покажува знаци на соработка со МААЕ

Од:

Иран почна да ги применува мерките на нуклеарна транспарентност пред истекот на рокот (25 август) што му го постави Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), изјави денеска генералниот директор на МААЕ, Јукија Амано.

– Почна примената на мерките. Очекувам во текот на следната недела да се постигне напредок, рече Амано на аеродромот во Виена, по враќањето од Техеран, каде разговараше со високи ирански официјални претставници.

Западот одамна се сомнева дека Иран во тајност се обидува да развие капацитети за производство на нуклеарно оружје, што Иран постојано го негира и тврди дека неговата нуклеарна програма е исклучиво мирновременска и служи за производство на електрична енергија и изотопи за лелување на канцер.

МААЕ се обидува да ги провери обвинувањата дека Иран во тајност произведува атомска бомба, што Техеран го негира.

САД и нивните сојузници велат дека соработка на Техеран во истрагата што ја спроведува МААЕ е апсолутен предуслов за постигнување спогодба со Иран.

Во меѓувреме , ИТАР-ТАСС јави дека на почетокот на септември шефот на иранската дипломатија Мухамед Џавад Зариф ќе се сретне со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.

Се уште не е договорено каде ќе се оддржи состанокот, но ќе бидат оддржани неколку билатерални средби, а планирани се и состаноци на ниво на експерти.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел