Ветеранот на алжирската дипломатија Лахдар Брахими се очеква да биде назначен на местото на Кофи Анан како специјален пратеник на ОН и на Арапската лига за Сирија, тврдат дипломатски извори во Вашингтон.
Официјално соопштение за негово назначување се очекуваат идната недела.
Според изворите, можни се измени во последен момент ако некоја од влијателните држави се изјасни против кандидатурата на Брахими или ако тој самиот се откаже.
Брахими е поранешен министер за надворешни работи на Алжир (од 1991 до 1993 година) и бил специјален претставник на ОН во Авганистан, Ирак, Хаити и Јужна Африка. Седум години (од 1984 до 1991 година) бил во администрацијата на Арапската лига.