Алжир денеска ја затвори копнената граница со Либија поради безбедносни причини, а алжирската државна енергетска компанија „Сонатрак“ нареди да бидат евакуирани нејзините работници од Либија.
Претставник на алжирските власти изјави дека Алжир наложил ограничувања за преминување преку границата со Либија, овозможувајќи само на алжирски државјани да влезат во земјата и само на либиски државјани да одат во Либија.
Извор од „Сонатрак“ рече дека сите педесетина работници на компанијата во Либија ќе бидат извлечени од земјата за два дена.
Во петокот Алжир испрати специјални сили во Триполи за да го евакуираат амбасадорот и персоналот на дипломатската мисија по добиени закани.