Алжир ја отфрли одлуката на Трамп, кој призна суверенитет на Мароко над Западна Сахара

Од:

Алжир ја отфрли одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае суверенитетот на Мароко над Западна Сахара, тврдејќи дека овој потег ги поткопува напорите за ставање крај на повеќедеценискиот конфликт на територијата.

Министерството за надворешни работи на Алжир објави дека одлуката на САД нема правно дејство, бидејќи е во спротивност со резолуциите на ООН, особено со резолуциите на Советот за безбедност на ООН кои се однесуваат на Западна Сахара.

„Одлуката ги поткопува напорите да се стави крај на конфликтот во Западна Сахара на сите нивоа, кои имаат за цел да воспостават вистински политички процес“, се вели во соопштението на алжирското Министерство.

Израел и Мароко во четвртокот потпишаа договор за нормализирање на односите со посредство на САД.

Како дел од договорот, американскиот претседател Доналд Трамп се согласи да го признае суверенитетот на Мароко над Западна Сахара.

Мароко со децении води спор во Западна Сахара со движењето Фронт Полисарио, поддржано од Алжир, кое сака да воспостави независна држава на територијата.

Конфликтот во Западна Сахара ескалираше минатиот месец, по три децении примирје.

ООН и западните земји не се очекува да го сменат својот долгогодишен став за ситуацијата во Западна Сахара, за која тврдат дека треба да се реши на референдум.

ООН соопштија дека нивната позиција останува непроменета кога станува збор за Западна Сахара.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боксерката Келиф во неочекувано издание: Со објава го возвраќа ударот

Предраг Петровиќ

Мароко запре 75.184 мигранти кои се упатија кон Европа во 2023 година

МНР: Двајца наши државјани кои беа во Маракеш, пристигнаа во Мадрид

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Се зголемува бројот на загинати во пожарите во Алжир, земјата е под „напад“ на топлотен бран

Сопругата му побара развод и половина богатство, а потоа шок-ѕвездата на ПСЖ немал ништо на сметката

Предраг Петровиќ