Алистер Дарлинг: Референдумот не е прашање за патриотизмот туку за иднината на Шкотска

Од:

Поранешниот британски министер за финансии Алистер Дарлинг, кој раководи со кампањата „Заедно е подобро“ изјави дека референдумот за независност на Шкотска не е прашање на патриотизмот,или некаква патриотска игра,туку прашање кое ја определува иднината на земјата.

Дарлинг синоќа во Глазгов учествуваше во првата јавна,телевизиска дебата пред референдумското изјаснување на 18 септември,заедно со лидерот на сепаратистичката,шкотска национална партија (СНП) Алекс Салмонд, кој е и прв министер на Шкотска.

Во острата дебата пред 350 избрани луѓе во салата и пред шкотските тв гледачи,Дарлинг кој е Шкотлананец, силно ја бранеше заложбата на кампањата со која раководи,изнесувајќи аргументи против отцепувањето и за останување на Шкотска во Велика Британија. Тој рече дека гласачите за шест недели треба да ја донесат најважната одлука што Шкотланѓаните досега ја направиле,порачувајќи дека ако се одлучат за заминување,нема да има втора шанса и нема враќање назад.

Дарлинг тврди дека останувањето во рамките на Велика Британија е „најдоброто од сите можни опции“ како и дека определувањето за независност е голем ризик и „пат во неизвесност“.

Овој поранешен лабуристички министер и пратеник во Вестминстер од шкотска изборна единица,објасни дека во зиминатите 22 години Шкотска трошела и потрошила многу повеќе отколку што можела да потроши,што само покажува како дел од Обединетото Кралство,земјата само просперирала и профитирала. Дарлинг и кампањата „Заедно е подобро“ тврдат дека определувањето против независноста,не значи и глас против промени,мислејќи на декларацијата на лидерите на трите главни британски политички партии,дека Парламентот во Единбург ќе добие повеќе нови овластувања,во споредба со сегашните,вклучувајќи ја и фискалната политика.

Лидерот на сепаратистичката СНП,Салмонд одново ги повтори позициите на кои и ја гради својата политика за отцепување од Велика Британија,инсистирајќи дека Шкотска треба да биде управувана и водена од Шкотланѓани, а не од партиите во Вестминстер. Тој смета дека никој не може да направи нешто подобро за земјата од лугето кои таму живеат. Салмонд ја уверуваше јавноста дека Шкотска може да биде самостојна држава и дека има економски потенцијал за да биде „меѓу најбогатите во светот“ приговарајќи и на владата во Лондон дека троши огромни средства за обнова на атмоското оружје,наместо за решавање на социјалните проблеми.

Како левичар според политичкото уверување,Салмонд,како и за време на изборната кампања им нудеше на гласачите независна држава и социјална правда.Тој одново зборуваше за правото на Шкотска да биде сама и самстојна,објаснувајќи го тоа со податокот дека многу помали земји од неа, во Европа и во светот,опстојуваат и просперираат.

Во таборот на сепаратустите,синокешната дебата беше оценета како „победа на Салмонд и на политиката за независност“ додека противниците на отцепувањето сметаат дека 18 септември за Алекс Салмонд ќе биде Ватерло,онака како што тоа му се случи на Наполеон,во почетокот на 19 век. Последното мерење на расположението на гласачите,пред оваа дебата,покажа дека само една третина од Шкотланѓаните се определуваат за независност. Втората ваква дебата е предвидена во втората половина од овој месец.

Би можело да ве интересира

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он