Верскиот лидер на Иран, Али Хамнеи, денеска ги нарече претседателските избори во САД „претстава“.
– Ситуацијата во САД и она што тие го зборуваат за нивните избори е претстава. Тоа е пример за грдото лице на либерална демократија во САД. Без оглед на резултатите, едно е апсолутно јасно – недвосмислен политички, граѓански и морален пад на американскиот режим, напиша Хамнеи.
Официјален Иран претходно соопшти дека не му е грижа кој ќе биде новиот претседател на САД.