Лидерот на сепаратистичката Шкотска национална партија (СНП) и актуелен прв министер на Шкотска, Алекс Салмонд ја губи довербата меѓу домашните сепаратисти.
Салмонд се соочи со остри критики од страна на неговите истомисленици, кои агитираат за отцепување на земјата од Велика Британија, по поразот што тој го доживеа во првиот телевизиски дуел пред референдумот од 18 септември од раководителот на кампањата „Заедно е подобро“, Алистер Дарлинг, кој е поранешен британски министер за финансии.
Салмонд, кој ја ревитализира старата и потисната идеја за шкотската независност и со својата партија ббеше најсилен промотер за организирање референдум за отцепување, сега е обвинуван дека останал без аргументи и со „празни раце“ во тв дебатата, не успевајќи да објасни на најважните прашања што ги интересира гласачите – дали на Шкотска ќе и биде подобро како самостојна држава и дали нејзините жители ќе живеат пододбро, отколку сега, кога земјата е дел од Обединетото Кралство.
Наместо одговор, Салмонд зборуваше дека земјата може и треба да биде самостојна, затоа што имала доволен потенцијал, објаснувајќи го тоа со примерите на многу земји „еднакви или помали од Шкотска“ , кои опстојуваат како самостојни и независни држави.
Во таборот на сепаратистите се оценува дека тој немал вистински одговор на сите овие прашања, па затоа и останал без одговор на забелешката од Дарлинг дека референдумот и независноста не се патриотски игри, туку витални прашања за иднината нза земјата и на нејзните луѓе.
Високи функционери од неговата пратеничка група, како и друг помал блок од парии кои агитираат за независност, сметаат дека Салмонд останал понижен кога не одговорил на неколкупати поставеното прашање за „планот Б“, околу тоа која валута ќе користи евентуално независната држава.
Актуелниот прв министер се оправдуваше со тврдењето дека резервниот план е „подметнување од Лондон“ и нагласи дека „фунатата е и шкотска валута“, но таквото објаснување не е прифатено, па тој беше исвиркан од дел од присутните во салата каде се одвиваше дебатата.
Во таборот кој води кампања за независност, сега се размислува на Салмонд да му биде одземено раководњето со кампањата, а претставици на малите сепаратистички шкотски партии денеска првпат се дистанцираа од него, изјавувајќи дека независноста не е работа на Салмонд и на СНП, туку на Шкотланѓаните, па затоа тоа прашање треба да се издвои од владејачката партија.ж
Пратеници на СНП тврдат дека на „жешката седница“ по тв дебатата, било сугерирано кампањата во следните четириесетина дена да референдумот да ја води заменик лидерот на партијата Никола Старџен, а таа да се појави и во вториот тв дуел предвиден за 25 август.
Испитувањата покажуваат дека околу 33 отсто од гласачите би гласале за отцепувањето на Шкотска, но водството на СНП тврди дека тоа ништо не значи, затоа што имало многумина кои се уште не се определиле.