Алејна Олмез по 248 часа под урнатините: „Бев сама и без ништо“

Од:

Здравствената состојба на 17-годишната Алејна Олмез, која беше спасена од под урнатините во Туркије 248 часа по разорните земјотреси, ги изненади лекарите, јавува Анадолу.

По првиот преглед во Универзитетската болница „Сутџу Имам“ во Кахраманмараш, Алејна била префрлена во Анкара.

Лекарот Џенгиз Дилбер рече дека е неверојатно што Алејна е во толку добра здравствена состојба со оглед на тоа што била под урнатините 248 часа.

„Бевме изненадени што нејзините телесни функции се добри и што функцијата на бубрезите не ѝ е влошена. Тоа е неверојатна работа. Нејзината здравствена состојба е многу добра. Секако, има и трауми“, изјави Дилбер.

Според него, на нејзиното тело нема многу сериозни скршеници.

„Сега ја испраќаме во Анкара. Поради траумата, треба да ја оддалечиме од ова подрачје“, ​​додаде Дилбер.

Новинарите ја прашаа Алејна за нејзиното здравје.

„Добро сум, благодарам“, кратко рече 17-годишната девојка.

На прашањето што се случувало под урнатините, Алејна рече: „Немав ништо, бев сама.“

Нејзината тетка Ѓулер Думан изјави дека е среќна бидејќи Алејна е добро.

„Фала му на Бога, нашите молитви се услишани. Му се молиме на Бога 11 дена“, додаде Думан.

Седумнаесетгодишната Алејна Олмез беше спасена од урнатините во Турција 248 часа по земјотресите што ги погодија јужна Туркије и Сирија.

Таа беше спасена од под урнатините во населбата Кајабаси во Кахраманмараш.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски