Аластер Крук: Западот е одговорен за создавањето на ИД

Од:

Западот е одговорен за создавањето на џихадистичката група Исламска држава (ИД), бидејќи 60 години го злоупотребуваше радикалниот ислам за сопствени цели во борбата против арапскиот национализам и намалувањето на влијанието на Москва на Блискиот Исток, смета  директорот на Форумот за конфликти со седиште во Бејрут и експерт за Блискиот Исток, Аластер Крук.

– За цело тоа време се поклопуваа интересите на Западот и на вехабистите, со што западните земји на исвесен начин му кумуваа на (џихадистичкиот) проект, исто колку и Саудиска Арабија, изјави Крук во интервју за Танјуг.

Според него, целите и методите на ИД суштински се разликуваат од оние на Ал Каеда, а најголема опасност за Западот е неразбирањето на суштината и превирањата во муслиманскиот свет.

– За разлика од Ал Каеда, која имаше идеја со своите напади на Западот да ги провоцира САД и западните земји, ИД не е заинтересирана за такви акции на западно тло, туку сака да ги испровоцира странските војници и да ги порази на сопствена територија, оценува Крук.

Тој нагласува дека терористичките напади извршени во западните земји, иако се инспирирани од ИД, повеќе се резултат на разочараноста и отуѓеноста на домашните муслимани, отколку последица на дирекни наредби од лидерите на Исламска држава во Молсул или Рака.

– Западните политичари длабоко грешат кога и приоѓаат на ИД како на некоја ефемерна терористичка група, која нема корени и не сакаат да ја признаат својата грешка, смета Крук.

Спорд него, Западот мора да се потруди да сфати дека ИД не е обична група на терористи и криминалци.

– Додека не го стори тоа, (Западот) не ќе може да го разбере обемот на она што може да се случи. Тие мислат дека решението е во специјалните сили и беспилотните летала, а со тоа всушност само ја влошуваат ситуацијата, заклучува Крук.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска