Светската здравствена организација (СЗО) оцени денеска, дека заради „алармантната“ стапка на уживање на тутун и алкохол и дебелината, животниот век на наредните генерации во Европа би можел да биде покус отколку денес.
Европејците живеат подолго отколку некогаш, но напредокот во поглед на очекуваната должина на животниот век и пад на стапката на прерана смртност би можеле да бидат поништени доколку не се исклучат трите големи фактори на ризик во нивниот начин на живот, рече директорката на СЗО за Европа, Клаудија Стајн.
СЗО во најновиот извештај наведува дека се уште „постои неприфатливо висока“ разлика во очекуваниот животен век меѓу земјите на европскиот континент и дека разликата меѓу најкусиот и најдолгиот очекуван животен век е 11 години.
Извештајот за здравствената состојба во Европа за 2015 година кои го разгледуваат напредокот према целите ЗСО „Здравје 2020“, опфаќа 39 земји вклучувајќи ги членките на ЕУ и поранешните советски републики.
СЗО во извештајот наведува дека нивото на прераната смртност од болести како ракот, кардиоваскуларните болести, дијабетесот и хорничните респираторни болести „брзо“ опаѓа.
Но, нивото на конзумирање алкохол и тутун ако и дебелината се уште е „алармантно висок“ и тоа би „можело да значи дека тој напредок нема да биде одржан, наведува СЗО.
Иако стапката на уживање на тутун и алкохол во многу делови во светото опаѓа, Европјаните се уште пушат и пијат од другите луѓе, наведува СЗО: Според проценката на Светската организација, просечно се пије 11 литри алкохол по лице годишно, додека 30 отсто од населението пушат. Во меѓувремено расте и процентот на дебелина, при што 59 отсто од жителите Европа има или прекумерна телесна тежина или е дебело,што само малку заостанува од Американците кои имаат најголема стапка на дебелина во светот.
Дебелината во многу европски земји три пати е зголемена од 1980 година при што 23 отсто од Европејците сега се дебели, наведува СЗО.
Просечен очекуван животен век за жените и мажите се движи од 71 година во Белорусија, Молдавија и Русија до 82 во земјите како Франција, Италија и Шпанија, според податоците од 2011 година. Според Стајново, уште постојат „неприфатливи“ разлики во здравјето меѓу европските земји кои треба да се отсранат.
Иако смртноста кај децата е на најниска стапка, разликата меѓу земјите со најниска стапка на смртност како Финска и највисока стапка на смртност на децата како Киргистан , се уште е десет пати поголема.
Овогодишниот извештај на СЗО по првпат го зема предвид и влијанието на „задоволствата во животот“ на очекуваниот животен век.
Земјите во кои според анкетата на Галуп, стапката на „задоволства во животот“ е најголема како Данска, Финска, Шведска и Швајцарија имаат и најдолго очекуван животен век на населението.