Алан Жупе политичар со најмногу смисла за хумор во 2014 година во Франција

Од:

Поранешниот француски премиер и поранешен шеф на дипломатијата, актуелен градоначалник на Бордо Алан Жупе е добитникот на Големата награда 2014 за ПресКлубот, Хумор и Политика, за неговата изјава дадена во весникот „Либерасион“ на 18 ноември 2013 година „Во политиката, никогаш не сме докрајчени. Гледајте ме мене!“ Директна алузија на неговите судски проблеми во 2000 година, во моментот кога тој се наметнува како најсериозен кандидат на десницата за претседател на Франција во 2017 година.

Алан Жупе се врати на политичката сецна во екот на политичката криза во УМП, оставајќи впечаток на мудрец од кој партијата има потреба во периодот на турбуленции. Во моментов тој е еден од колективното раководство на УМП, во очекување на партиските избори. Алан Жупе кој долго време беше најнепопуларен француски политичар, сега се наоѓа меѓу најомилените политичари на французите.

Жирито на оваа награда за политички хумор додели и две специјални награди. Првата за претседателот на партијата Новиот Центар, Ерве Моран, за неговата изјава:Во центарот, не сме задолжени да бидеме резервно тркало за Титаник“ и втората за поранешниот министер за Продуктивна обнова и економија Арно Монтебург, за неговата зајадлива изјава: „Верувам во враќањето на Никола Саркози… но со лисици на рацете“.

Наградата за охрабрување му е доделена на министерот за финансии Мишел Сапан за неговата изјава : „Кога не одиме доволно далеку, тоа значи дека веќе одиме некаде“.

Наградата која ја долелуваат интернауитет е за поранешниот шеф на дипломатијата Роланд Дима: „Кога ги имате аферите зад задникот, тоа се лечи како кога имате хемароиди“.

Неделниот и регионалниот печат својата нагарада за хумот ја додели на поранешната министерка на УМП и сега европратеничка Надин Морано за изјавата: „Имаме разгорување на насилството… На пример, кражбата на мобилни телефони со грабеж од рака. Тоа не постоеше кога немаше мобилни телефони“.

Специјална награда му е доделена и на претседателот Франсоа Оланд, кој во моментот кога неговата популарност е најниското ниво изјави: „ Кога се оди добро, треба да се потсетиме дека тоа нема да трае. И кога оди лошо. Можеме да мислиме дека може да биде уште полошо или дека тоа нема да трае“.

Жирито му додели награда и на ефемерниот државен секретар за надворешна трговија Томас Тевено, поточно наградата „Нокио“ (скратенка од Пинокио), кој беше принуден да поднесе оставка поради непријавување на данок за изјавата: „Јас не сум измамник, јас сум само несовесен даночен обврзник“. Претходната година таа награда отиде во рацете на поранешниот министер за буџет Жером Каузак за изјавата: „Зошто да се поднесе оставка, кога сте невин?“

Во категоријата на политички твитови, Големата награда ја доби француската Социјалситичка партија за твитот „Харлем Деззир на патување во Жарнак за комеморацијата на исчезнувањето на Франсоа Оланд “ наместо да стои Митеран.

Наградите за политички хумор беа воведени во 1988 година и таа се доделува од жири составено од новинари претседавани од Жан Миот поранешен генерален директор на АФП.
Ланската Голема награда на жирито ја доби поранешниот министер и сега сенатор од УМП, Жерар Лонге за неговата изјава:„Франсоа Оланд е за брак за сите… освен за него“.

Поранешниот лидер на УМП исто така лани доби специјална награда за изјавата: „Во УМП ние ја откриваме демократијата, тоа е нешто многу ново“. Двајцата се појавија на свеченоста во Прес клубот во Париз да ја примат нагарадата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци