Алан Жупе исвиркан на митингот на Никола Саркози во Бордо

Од:

Градоначалникот на Бордо, Алан Жупе, кој истовремено не ги крие амбициите да биде претседателски кандидат во 2017 година, беше исвиркан од симпатизерите на Никола Саркози за време на митингот во Бордо, јавува дописникот на МИА од Париз.

Салата во кој се одржуваше предизборниот митинг на Никола Саркози, кој е кандидат за претседател на опозициската УМП, беше преполна со негови симпатизери, дојдени од скоро сите западни краеви на Франција.

Алан Жупе како домаќин зеде прв збор, а заедно со Никола Саркози сакаа да покажат дека опозицијата е обединета и дека заеднички тргнуваат во освојување на власта. Но, симпатизерите на Никола Саркози го покажаа спротивното мислење, исвиркувајќи го Алан Жупе уште на почетокот од говорот кога тој се заложи за пошироко обединување.

„Убеден сум дека е потребно широко обединување на десницата и центарот ако сакаме да ја победиме левицата“.

За никого во Франција не е тајна дека Алан Жупе отворено води кампања блиска до центарот, додека Никола Саркози на границата на крајната десница.

Без да биде вознемирен од свирежите кои станаа уште посолни кога се заложи за отворени примарни избори во партијата и „непријателски“ располежните 4.000 симпатизери на Саркози, Жупе продолжи да објаснува дека нема да се подведе од „движењето на толпата“, што беше директна алузија на промената на ставот на Саркози од пред една недела под влијание на толпата околу хомосексуалните бракови.

Толпата од 4.000 симпатизери, од друга страна, на миленикот Саркози му приреди овации.

Саркози, без сомнение, ќе биде избран за претседател на УМП, но УМП е далеку од единството кое е потребно за освојување на власта.

Блиски луѓе на градоначалникот на Бордо, од своја страна, оценија дека Никола Саркози направи „серизона грешка, кога не ги запре свирежите упатени на сметка на Алан Жупе“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили