Ал Каеда: Белмоктар не е мртов

Од:

Терористичката мрежа Ал каеда во Северна Африка демантираше синоќа дека нивниот лидер Моктар Белмоктар е убиен во американски воздушен напад минатата недела во Либија.

– Муџахединот Калед Абу ал-Абас е се уште жив и здрав, се наведува во соопштението на организацијата Ал каеда на Исламски Магреб поставено на Интернет, користејќи го името по кое Белмоктар е познат во круговите на џихадистите.

Во истото соопштение се наведува дека „вистинска мета на воздушните напади биле Либиските лавови (бунтовничка либиска група).

Пред четири дена главна вест на светските агенции беше дека алжирскиот екстремист, ветеранот на Ал каеда Белмоктар е убиен во американски воздушен напад во Либија.

Би можело да ве интересира

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании