Ал Џазира од утре почнува да емитува програма во САД

Од:

Телевизиската куќа Ал Џазира почнува од утре да емитува програма во САД од седиштето во Њујорк, со неколку познати американски телевизиски водители, кои станаа дел од тимот на светски познатата куќа. 


Последните подготовки се во тек во зградата на поранешната банка во близина на Медисон Сквер Гарден, а програмата на телевизијата ќе стартува утре во три часот попладне, според локалното време на источното крајбрежје на САД. 


Преку кабелска телевизија Ал Џазира ќе биде достапна во домовите на 45 милиони Американци, а во неа ќе работат неколку ветерани од американските телевизии, меѓу кои Џон Сејгентејлер, Џои Чен, Антонио Мора и Шејла МекВикар. 


– Почнуваме нешто што го сметаме за специјално и поинакво, изјави претседателката на Ал Џазира Америка, Кејт О’Брајен, некогашна главна уредничка на Еј-Би-Си Њуз. 


Телевизијата ќе емитува програма од фреквенцијата на Карент телевизијата, која е во сопственост на Ал Гор и која го прекинува натамошното емитување. 


Освен главната канцеларија во Њујорк, Ал Џазира ќе има и дописништва во уште 11 американски градови.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас