Ал Арабија: Договорено неколкудневно продолжување на примирјето меѓу Палестинците и Израел

Од:

На денешните преговори во Каиро е договорено продолжување на вчера постигнатото 72-часовно примирје меѓу Израел и палестинската група Хамас, пренесе ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на телевизиската куќа Ал Арабија.

Според египетските медиуми, во најскоро време израелската делегација со посредништво на египетската служба за надворешно разузнавање ќе одговори на палестинските барања.

Американските медиуми наведуваат дека на посредните преговори во Египет во моментов се разгледуваат две главни прашања: продолжување на примирјето и кревање на блокадата на Газа.

Израел, меѓутоа, инсистира прво борците на Хамас да се разоружаат пред да се разгледа барањето на групата за отворање на границите.

Израел и Египет во 2007 година наметнаа блокада на Појасот Газа откако Хамас го презеде управувањето со енклавата, и покрај тоа што Египет не некои Палестинци им дозволуваше да минуват преку границата.

Друга важна тема на преговорите е обновата на Газа со меѓународна помош. Норвешка веќе изрази подготвеност на почетокот на септември да организира донаторска конференција, дополнуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

За Бајден случувањата во Газа не се геноцид

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

Хамас, Хути и Хезболах му изразија сочувство на Иран: Ни беше голем брат

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел напаѓа бегалски кампови во Газа

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски