Ал Арабија: Абас е подготвен да се сретне со Нетанијаху

Од:

Палестинскиот лидер Махмуд Абас е подготвен да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со посредништво на американскиот претседател Доналд Трамп, објави телевизијата „Ал Арабија“.

Според истиот извор, Абас најавил и дека Трамп „наскоро“ ќе ги посети палестинските териториии, но не прецизирал кога.

Како што јави ТАСС, од Белата куќа засега нема најава за можна посета на Трамп на палестинските териториии. Засега е само најавено дека Трамп ќе се сретне со Абас при неговата прва посета во странство во својство на американски претседател и со него ќе разговара за решавање на израелско-палестинскиот конфликт.

За време на првото официјално патување на Трамп во странство, планирано за текот на овој месец, тој ќе ги посети Саудиска Арабија, Израел и Ватикан.

Во меѓу време, Абас денеска во Рамалах се сретна со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер, при што ги повтори своите заложби за постигнување „праведен мир“ на Блискиот Исток по моделот на создавање две независни меѓународно признати држава Израел и Палестина, која би била во границите на палестинските територии од пред 1967 година со главен град Источен Ерусалим.

Штајнмајер од своја страна изјави дека ги поддржува напорите за создавање палестинска држава со свои институции, додавајќи дека Германија е подготвена да пружи поддршка за реализација на инфраструктурни проекти, кои би ги подобриле условите за живот на населението на палестинските територии.

На средбата Абас-Штајнмајер, покрај за израелско-палестинските односи, станало збор и за случувањета на поширокиот регион на Блискиот Исток, при што е оценето дека сите спорови треба да се решаваат преку дијалог и на мирен начин.

Би можело да ве интересира

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео

Голем ракетен напад врз Тел Авив: Хамас објави дека е одмазда за убиството на цивили

Предраг Петровиќ

Борел: Признавањето на палестинската држава не е подарок за Хамас

Горан Наумовски

Палестина повторно испрати барање до Советот за безбедност за прием во ОН

Песков: Русија ја признава државата Палестина