„Аксиос“: Путин го предупреди Трамп дека планира нов напад во Украина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин наводно го предупредил американскиот претседател Доналд Трамп за време на телефонскиот разговор на 3 јули дека планира нова ескалација на конфликтот во источна Украина.

Како што објави американскиот портал „Аксиос“, Путин најавил дека нова руска офанзива ќе започне во следните 60 дена со цел руските сили да стигнат до административната граница во областите што Путин ги смета за свои.

Како што понатаму наведува порталот, според извор запознаен со содржината на телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп, рускиот лидер јасно ставил до знаење дека планира понатамошна ескалација во војната со Украина.

Исто така, „Аксиос“ тврди дека Трамп му ја пренел оваа информација на францускиот претседател Емануел Макрон, кажувајќи му дека Путин повторно ќе се обиде да окупира територија до административните граници на украинските области каде што Русија има значајно упориште.

Би можело да ве интересира

Путин му порача на Иран: Русија е со вас

Трамп изјави дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на операциите на Блискиот Исток

Федерален суд нареди враќање на новинарите протерани од Пентагон

Унгарците насилно го инјектирале Украинецот кој транспортираше десетици милиони евра и злато

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Картаполов: Зеленски не е воена цел, ни треба жив

Горан Наумовски