Ако се судрат Америка и Иран, светот го чека катастрофа

Од:

Иран се заколна на одмазда кон америнаските сили за убиството на генералот Касим Сулејман, со што Блискиот исток е на работ на судир кој би можел да прерасне во трета светска војна.

Иранскиот совет за национална безбедност со кој за прв пат претседава врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи го разгледува одговорот за ликвидавицијата за вториот најмоќен човек во земјата.

На располагање ја имаат 13 најмоќна армија на светот, многу полиции распоредени по Блискиот исток и сојузнички сили како тие во Сирија и јеменските бунтовници. Нивните мети сигурно ќе бидат американските трупи и воените бази во Ирак и Сирија, израелските сили на Голанската висорaмнина, танкерите во Ормутскиот мореуз и нафтената инфраструктура во Саудиска Арабија.

Иако почетните напади се претпоставуве дека ќе бидат ограничени, тие можат да направат домино ефект кој би довел до извлекување на руските трупи во Сирија кои се клучни за одбрана на режимот на иранскиот сојузник, Башар ел Асад, како и турските сили кои се борат на северот на земјата.

Кина исто така има бродови стационирани во Ормускиот мореуз и неодамна имаше заеднички везжби со Иран и Русија, што ја зголемува можноста Пекинг да се замеша во конфликтот.

Саудиска Арабија е веќе замешана со судирот со бунтовниците во Јемен кои имаат поддршка од Иран, а било каква ескалација од Техеран ќе го повлече одговорот и од Ријад.

Трупите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се распоредени на северот на Сирија. Тој е близок со Русија и со Иран, но Турција е членка на НАТО пактот, поради што неизвесна е улогата што би ја имале доколку дојде до судир.

САД, Кина, Русија и Израел поседуваат нуклеарно оружје, додека три од овие четири земји имаат хиперсонични ракети од нова генерација кои се способни да ги разбијат сите одбранбени системи.

Ако Иран се одлучи да го блокира Ормускиот мореуз, како што се закануваше во минатото, светските сили меѓу кои и европските земји ќе ги бранат своите интереси.

Иран

Оваа земја има војска за која се претпоставува дека брои половина милион активни војници, за едно со резервниот состав кој произлегува од 82 милиони жители. Војската поседува цел арсенал балистички ракети, тенкови, хеликоптери, воени авиони.

Иако иранските сили најверојатно нема да се вовлечат во почетните борби, ако ескалира ситуацијата тие би можеле да влезат во копнен судир со Америкнаските сили.

Во случај, амриканските сили да се распордат во Иран, најсилното оружје на Иран ќе биде географијата-земјата е опкружена со планини и океан, а во нејзиниот центар е пустина која е голема пречка дури и за американските војници.

За да ја неутрализира заканата од американски дронови, Иран би можел да користи противавионски ракети како што го направи тоа во јуни минатата година. Иранските ракети исто така би можеле да се справат со американските воени бродови околу арапскиот полуостров.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас