Ајфеловата кула привремено е затворена поради џепчии

Од:

Ајфеловата кула, една од најпосетените знаменитости во светот, беше затворена во петокот бидејќи персоналот ја прекина работата во знак на протест против џепчиите кои ги загрозуваат и туристите и вработените.

Под светлечките натписи „Ајфеловата кула привремено е затворена“, на француски и на англиски јазик, вработените им ја објаснуваа ситуацијата на изненадените посетители.

Во соопштението на персоналот испратено до медиумите се појаснува дека одлучиле да го искористат правото на повлекување пред наездата од џепчии по неколку напади и закани. Вработените во Франција може да се повлечат од работното место доколку оценат дека им се заканува тешка или непосредна опасност по нивниот живот и здравјето.

Вработените во Ајфеловата кула бараат гаранции од управата дека ќе преземе трајни и ефикасни мерки за справување со ограбувањата, чии секојдневни жртви се туристите. Компанијата којашто управува со Ајфеловата кула – SETE истакна дека жали што посетителите останале оштетени.

Во непомалку посетениот париски музејот Лувр во 2013 година, исто така, беше организиран прекин на работата, откако беа немоќни да се справат со сеприсутните џепчии во музејот.

Некогаш непосакуваниот симбол на француската престолнина, планиран да биде демонтирана дваесет години по инаугурирањето на Светскиот саем во 1889 година, во 2014 година го посетиле повеќе од 7 милиони посетители.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци