Ајатолахот Хамнеи помилува неколку десетици илјади затворени Иранци во неодамнешните протести

Од:

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, помилува „десетици илјади“ затвореници, вклучително и многумина уапсени на неодамнешните антивладини протести поради обвиненија поврзани со безбедноста, соопштија денеска државните медиуми во земјата.

„Затворениците кои не се соочуваат со обвиненија за шпионирање за странски агенции, не се директно поврзани со странски агенти, не убиле или повредиле некого намерно, не уништиле или запалиле државен имот, ќе бидат помилувани“, наведуваат медиумите.

Помилувањата ќе бидат објавени по повод годишнината од Исламската револуција во 1979 година.

Активистичката агенција ХРАНА наведува дека во антивладините протести предизвикани од смртта на Махса Амини, во септември лани, досега се уапсени околу 20.000 лица.

Дваесет и двегодишната Курдка Махса Амини почина во притвор на 16 септември 2022 година, откако три дена претходно иранската полиција за спроведување на моралот ја уапси поради „несоодветна“ облека.

Протестите се проширија низ 160 градови во Иран.

Во протестите досега загионаа најмалку 527 лица, наведева во својот извештај Американската агенција за човекови права, а меѓу нив имало 71 малолетник и 70 полицајци и други безбедносни сили.

Најавена е извршување на смртна казна за повеќе од стотина уапсени, а неколку демонстранти веќе се егзекутирани.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел