АИ: Талибанците мачеле и убивале припадници на национално малцинство

Од:

Авганистанските талибански бунтовници мачеле и убивале припадници на едно национално малцинство, откако неодамна го окупираа нивното село, соопшти меѓународната организација Амнести интернешанл (АИ).

Овој извештај дополнително ќе го зголеми стравот на Авганистанците дека талибанците, кои минатата недела ја презедоа власта во речиси целата земја, повторно ќе воспостават брутално владеење, иако тие го тврдат спротивното.

АИ наведува дека истражувачи на организацијата разговарале со сведоци во провинцијата Газни кои тврдат дека талибанците убиле девет мажи, припадници на малцинството Хазари, во селото Мундаракт, во периодот меѓу 4 и 6 јули. Според сведоците, шест мажи биле убиени со огнено оружје, а тројца биле измачувани до смрт.

– Бруталноста на тие убиства е потсетник на претходната власт на талибанците, од 1996 до 2001 година, и претставува „застрашувачки показател за тоа што може да донесе талибанското владеење“, изјави директорката на АИ, Агнес Каламар.

Организацијата предупредува на можноста да не се пријавени значително поголем број убиства, бидејќи талибанците го блокирале телефонскиот сообраќај во многу области се под нивна контрола.

Организацијата Репортери без граници изрази загриженост поради наводите дека талибанците во средата убиле член на семејство на авганистански новинар кој работел за германскиот медиум Дојче веле.

Пред денешните молитви, талибанските лидери ги повикаа имамите да апелираат на единство и да ги убедат граѓаните да не ја напуштаат земјата.

Исплашени од Талибанците, илјадници луѓе овие денови се обидуваат да го напуштат Авганистан, а некои излегоа на протести, кои новата власт насилно ги спречи.

Талибанците ветија дека нема да заведат страв и ќе ги амнестираат оние кои се бореле против нив во изминатите 20 години.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан