АИ: Хамас извршил воени злосторства врз Палестинците

Од:

Организацијата за човекови права Амнести интернешнл објави денеска дека исламистичката организација Хамас извршила воени злосторства врз палестински цивили во Појасот Газа за време на минатогодишната војна против Израел.

Со прекинот на огнот кон крајот на август е ставен крај на 50-дневниот судир меѓу милитантите во Појасот Газа и израелската војска, во кој се убиени повеќе од 2.100 Палестинци, од кои повеќето цивили. На израелската страна загинаа 67 војници и шестмина цивили.

– Силите на Хамас спровеле брутална кампања на киднапирање, измачување и незаконско убивање на Палестинци, обвинети за колаборација со Израел и други за време на израелската воена офанзива на Газа, се вели во извештајот на АИ.

Портпаролот на Хамас Фавзи Бархум го критикуваше извештајот, означувајќи го како нефер, непрофесионален и неверодостоен.

Би можело да ве интересира

Хамас објави видео со живи заложници

(ВИДЕО) Хамас објави снимка од киднапиран израелски заложник

Хамас повика на ескалација на сите фронтови

Горан Наумовски

Ердоган се сретна со лидерот на Хамас и ги повика Палестинците на единство против Израел

Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган

Катерина Ѓуровски

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски