АИ ги обвини силите на сириските Курди за воени злосторства

Од:

Организацијата за заштита на човековите права Амнести интернешенел (АИ) ги обвини курдските сили во Сирија дека со насилно раселување и уништување на куќи во северниот и североисточниот дел на земјата извршиле воени злосторства.

Мисија на АИ утврди дека Автономната администрација, што ја предводат сириските Курди, во 14 градови и села во овој дел на Сирија насилно реселува луѓе и уништува домови, како и дека таквите акции добиваат димензии на воени злосторства.

– Со намерно уништување на цивилни куќи, во некои случаи уништувајќи и цели села, како и раселување на нивните жители без никаква оправдана основа, Автономната администрација ја злоупотребува својата власт и ги крши меѓународните закони, изјави советникот на АИ за криза Лама Факих.

Откако сириските војници во 2012 година се повлекоа од области претежно населени со Курди, курдската администрација го искористи тој момент за преземање на власта.

Нејзините безбедносни сили во овие области, се борат против џихадисти од групата „Исламска држава“.

Жители на провинцијата Рака во северниот и Хасека во североисточниот дел на земјата, тврдат за АИ дека курдските сили ја користат борбата против ИД како изговор за спроведување на масовно уништување.

Таквото уништување не е резултат на борби, туку на дел од намерна, координирана кампања на колективно казнување на цивили во селата, претходно заземени од ИД или каде имало осомничени поддржувачки на групата.

АИ наведува дека според сателитските снимки селото Хусеини е уништено речиси 94 проценти во периодот од јуни 2014 до јуни 2015 година.

Факих истакна дека Автономната администрација мора веднаш да престане со незаконско уништување на цивилни објекти, да ја обештети предизвиканата штета на сите цивили чии домови се незаконски уништени, да престане со незаконско принудно раселување и да овозможи враќање на цивилите.

Би можело да ве интересира

Турција: Уништени 20 објекти на Курдистанската работничка партија

Четворица загинати во самоубиствен напад на ИД врз центарот на безбедносните сили во Рака

А1он

Покрената истрага против осомничениот за убиството на тројца Курди во Париз

А1он

(ВИДЕО) Париз како воена зона: Курдите излегоа на улица

Катерина Ѓуровски

Француските Курди протестираат во Париз по нападот врз тројца сонародници

Анкара поставила ултиматум за повлекување на курдските сили од три области во Сирија

Ана Ололовска