Ахмадинеџад остро го осуди филмот „Невиноста на муслиманите“, но повика на воздржаност

Од:

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад остро го осуди американскиот антиисламски филм „Невиноста на муслиманите“, што предизвика бран од протести во исламскиот свет, реализирани со насилство, пренесоа француските медиуми.

Истовремено, во интервју за американската телевизија Си Ен Ен, Ахмадинеџад повика на воздржаност во реакциите на филмот.

Ние всушност го осудуваме секое провокативно дејствие, што ја навредува религиозната мисла и чувствата на кој и да било народ, соопшти тврдолинискиот ирански претседател.

Навредата на пророкот Мухамед тој ја оцени како пример за „ниското место на слободата“ и „злоупотреба со слободата“.

Истовремено, Ахмадинеџад цврсто ја осуди и наградата од 100.000 долари, ветена од пакистански министар за главата на режисерот на „Невиноста на муслиманите“.

Иранскиот претседател изјавата ја даде во момент кога неговата земја, според британскиот весник „Гардијан“, се подготвува да го блокира достапот до Интернет пребарувачот Гугл заради антиисламскиот филм.

Популарниот сајт за видео снимки ЈуТјуб, каде беше закачен трејлерот на „Невиноста на муслиманите“, е сопственост на американската компанија Гугл.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ќерката на убиена Иранка ја прослави смртта на Раиси со алкохол и босанска песна

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

(ВИДЕО) Објавена снимка: спасувачите ги носат телата по несреќата на Раиси

Што ќе се случува по смртта на Раиси

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Загина иранскиот претседател, нема преживени во хеликоптерот на Раиси

Катерина Ѓуровски

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов