Ахмадинеџад: Иран води паметна економска војна

Од:

Иран е инволвиран во „паметна економска војна“ со западните сили, чии санкции воведени поради нуклеарната програма на оваа земја погодуваат некои ирански државјани, изјави иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.

– Целните санкции, за кои непријателите велат дека треба да не парализираат, доведоа до тоа да ја губиме нафтата. Тие дури не ни дозволуваат да вршиме трансфер на пари добиени од нафтата. Сметаа дека иранската економија поради тоа ќе ослабне, но не се случи. Иран е вовлечен во паметна економска војна со непријателот, истакна Ахмадинеџад во интервју по повод нафтеното ембарго кое ЕУ му го воведе на Иран.

Со мерките на ЕУ, кои стапија во сила во јули, заврши купувањето на иранските суровини во Европа, а оттогаш извозот на нафта од Иран во азиските земји се намали за 10 до 30 отсто.

Според податоците на Меѓународната енергетска агенција, извозот од Иран во ноември е проценет на 1,3 милиони барели дневно, во споредба со речиси 2,3 милиони лани.

Ахмадинеџад истакна дека неговата Влада успева да го контролира влијанието на санкциите врз економијата, но призна дека некои Иранци поради нив трпат голем притисок. Тој не објасни на кој начин Иран се бори против санкциите, за да не дознаат западните земји кои се обидуваат да го вратат Техеран на преговарачка маса поради развојот на нуклеарната програма.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел