Ахмадинеџад: Го сакам Њујорк

Од:

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, кој престојува во Њујорк за последен пат како лидер на неговата земја, рече дека носи убави спомени од своите годишни посети на Њујорк. Единствено нешто што жали е што немал многу прилики да ги запознае обичните њујорчани кои имаат “прекрасен дух” и “високи морални стандарди”, изјави Ахмадинеџад пред новинарите на маргините на Генералното собрание на ОН.

– Сите мои посети на Њујорк беа добри. За жал, немав можност да се дружам и запознаам луѓето во градот – рече тој, пренесува АФП.

– Но, со некои здруженија, организации на студенти, менаџери, медиумски групи, институти, секогаш имавме пријатни средби. Сите тие се драги спомени – рече тој.

САД и Иран немаат дипломатски односи веќе со децении, а Ахмадинеџад како претседател на Иран можеше да патува во САД само на годишната седница на Собранието на ОН.

Во Иран, претседателските избори што се одржуваат на 14 Јуни, кога Ахмадинеџад ќе го заврши неговиот втор и последен мандат.

Тој, сепак, не зборуваше со новинарите за изборите, туку изрази благодарност до граѓаните на Њујорк и им упати извинување за нарушување на нивните животи. Исто така, им се заблагодари на безбедносните сили и на полицијата.

Вчера сепак, неколку стотици луѓе протестираа пред зградата на Обединетите нации поради престојот на претседателот Махмуд Ахмадинеџад во Њујорк и неговото обраќање во светската организација.

Тој претходно, во својот говор во Обединетите нации, го обвини Западот за нуклеарно заплашување, но се воздржа од остри коментари за Израел.

Дојде до инцидент кога група незадоволни демонстранти го опколија заменик-портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Ramin Mehmanparast додека шетал на Mehnetn така што мораше да интервенира полицијата.

За време на протестите во Њујорк, противниците на актуелната иранска политика, носеа транспаренти против Ахмадинеџад како и кукли со неговиот лик.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел