Аферата „Панамски документи“ го загрозува Камерон, Оланд воодушевен

Од:

Кабинетот на британскиот премиер Дејвид Камерон, чиј покоен татко фигурира во документите, кои истекоа од адвокатска фирма во Панама, не сакаше да ги коментира  тврдењата за затајување данок, но побара денеска копии од податоците за посочениот случај.

Британски медуми нагласуваат дека случајот „Панамски документи“ може да биде голем срам за премиерот Камерон, кој често повикуваше на борба против затајување даноци и избегнување на плаќање на овие обврски.

Таткото на актуелниот британски премиер, Иан Камерон се споменува во повеќе  од вкупно 11,5-те милиони документи, колку што истекоа во јавноста, а се споменуваат и некои членови на британската владејачка Конзервативна партија во Горниот дом на Парламентот, поранешни пратеници и донатори.

Од друга страна, францускиот претседатеоп Франсоа Оланд изјави дека случајот „Панамски документи“ со разоткривање на затајувачите на даноци ќе помогне во зголемувањето на даночните приходи.

– Ве уверувам дека информациите во овој случај ќе бидат јавни, дека ќе биде спроведена истрага и оти ќе биде покрената судска постапка, изјави Оланд.

Претседателот на Франција изјави дека ова откритие е добра вест, бидејќи ќе се зголемат даночните приходи од оние кои ги извршиле измамите.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он